Сè поголем број корисници пријавуваат дека Gmail не им дозволува да испратат пораки и да додаваат фајлови. Освен во Индија, овој проблем го имаат и корисници во Австралија, Јапонија и други земји во светот, пренесе Business Insider.
Од Google велат дека нивниот инженерски тим работи на откривање и решавање на проблемот. На официјалната страница на компанијата е наведено дека дошло до прекин на работата.
Ова е вторпат во два месеца да бидат пријавени проблеми поврзани со Gmail. Во јули корисниците наведоа дека не можат да се пријават на нивните Gmail профили. Google за кратко време го пронајде проблемот и ги отстрани пречките, но од компанијата не објаснија поради што дојде до тоа.
Извор: Klix.ba