Според најновиот извештај за интернет поврзливост, што го спроведе компанијата Akamai што се однсува до брзината на мобилниот интернет, на водечко место се наоѓа Обединетото Кралство со 26 Mbps.

Зад Велика Британија следуваат Германија (24,1 Mbps),  Финска (21,6 Mbps), Франција (17,4 Mbps), Норвешка (17,3 Mbps), Данска (16,6 Mbps), Белгија (16,2 Mbps), Романија (15,9 Mbps), Австралија (15,7 Mbps) и Јапонија (15,6 Mbps). Соединетите Американски  држави се дури на 28. место со 10,7 Mbps.

Со оглед на тоа дека најголем број на луѓе со смартфони времето го поминуваат користејќи мобилен интернет, брзините на интернетот се посебно важни. Се очекува дека со имплементација на 5G технологиите, што се уште се тестираат, во наредните години ќе пристигнат уште поголеми брзини на мобилниот интернет.

ИЗВОР: Softpedia