Microsoft објави дека на 15. септември ќе лансира cloud услуга слична на Netflix, како дел од пакетот со 15-месечна претплата, пренесува CNBC.
Минатиот месец компанијата објави дека ќе ја направи својата xCloud стриминг платформа бесплатен додаток на услугата Xbox Game Pass Ultimate. Последната, која чини 15 долари месечно, е главен производ за претплата на компанијата и им овозможува на играчите пристап до каталог на игри за конзолата Xbox One и за компјутерите со Windows 10.
Бета верзија на софтверот за игри во облак на Microsoft ќе биде вклучена во Xbox Game Pass на 15. септември и ќе им овозможи на корисниците да се префрлат на игри за паметни телефони или таблети.
Апликацијата ќе биде достапна за уредите со Android во 22 земји, вклучувајќи ги САД, Канада, Велика Британија и Јужна Кореја. Microsoft соопшти дека ќе биде достапна и за компјутери, но сè уште не објавила датум на кој ќе се случи тоа.
Гејмерите ќе можат да избираат од селекцијата на над 100 игри на самиот почеток. Microsoft не ги откри сите наслови што ќе ги понуди, но првично сподели список со игри, вклучувајќи ги Destiny 2, Gears on War 5, Grounded, Halo 5, Minecraft Dungeons и претстојната Tell Me Why.
Можноста да се играат игри во облак е концепт кој доби интензитет во индустријата за видео игри, вреден 150 милијарди долари.