Уште на почетокот на јули виролозите од Медицинскиот универзитет во Виена известија дека само половина од заболените и излекуваните од коронавирус развиле заштитен имунолошки одговор.

Лабораториски тест, кој го разви друга истражувачка група на Медицинскиот универзитет во Виена сега покажа стапка на заштита од 60 отсто.

Научниците од Центарот за патофизиологија и алергија неодамна своите резултати ги објавија во магазинот „Алерџи“. Рудолф Валента и неговиот тим развиле лабораториски тест ЕЛСА за да се утврди нивото на заштитни антитела по оздравување и прележување на вирусот.

Откриле дека само 60 отсто од оздравените пациенти развиле антитела кои ја инхибираат интеракцијата на врзување на рецепторите на САРС-КоВ-2 (РБД) со АЦЕ2.

За САРС-КоВ-2, АЦЕ2 е рецептор за кој вирусите се врзуваат и влегуваат во келиите. АЦЕ најчесто се наоѓа во дишните патишта и другите органи зафатени со вирусот.

Освен тоа, научниците откриле и дотогаш непознат факт: одредени имунолошки комплекси, кои се состојат од РБД и антитела, имаат зголемена брзина за врзување за АЦЕ2. Тоа беше досега непознат механизам кој овозможува вирусот полесно да се врзе за келиите. Тоа го олеснува потенцијалот вирусот повеќе да се шири. Понатамошните истражувања сега треба да откријат што значи тоа за имунитетот и за развојот на вакцина.

Овие нови наоди би можеле да влијаат и на равојот на антитела против САРС-КоВ-2.