Microsoft во последните месеци сериозно работи на тоа да го направи Windows 10 значително моќен оперативен систем со вклучени опции за секого.
Овој пат, тие одлучија да им овозможат на корисниците на Windows 10 да користат Android aпликации заедно со Windows апликациите на своите компјутери. Функцијата моментално е достапна на тестерите на Windows 10.
Засега само преку Windows Insider програмата
Оваа нова функција ќе може да се стартува преку Microsoft апликацијата Your Phone. Во моментов може да се пристапи до листата на Android апликации и да се стартуваат на Windows 10 оперативниот систем. Тие ќе се отвораат во посебен прозорец, кој треба да претставува телефонот на корисникот.
Исто така е овозможено извршување на повеќе задачи со други Windows апликации со поддршка за „alt + tab“, а може и апликациите да бидат прикачени и на менито Start.
Тоа значи дека корисниците не мораат повеќе да пребаруваат преку Mirror на нивниот смартфон, туку едноставно може да се активираат како да се вообичаени Windows апликации. Голем дел од овие новитети претставуват можност за активирање на повеќе Android апликации со исто време.
Редовните корисници на Windows 10 оперативниот систем нема да имаат пристап до оваа функција речиси до крајот на оваа година.
Извор: B92.net