Компанијата го претстави и новиот достапен iPad од осмата генерација базиран на A12 Bionic процесор.

Apple во текот на својот „Time Flies“ настан го претстави и новиот iPad Air, што сега многу потсетува на поскапите iPad Pro модели. Таблетот во карактеризираат значајни измени на дизјанот во однос на актуелниот iPad Air, а уредот има доста потенки рамки околку дисплејот.

Компанијата користи и поголем 10.9-инчен Liquid Retina дисплеј (2360 x 1640p) на новиот iPad Air модел, кој користи True Tone и има слој што штити од одблесок на светлината. За разлика од iPad Pro, уредот не поседува Face ID, а Touch ID сензорот за отпечатоци од прсти е поместен во копчето за вклучување, за да се овозможи максимална големина на дисплејот.

Новиот Pad Air користи Apple A14 Bionic чипсет креиран во 5nm процес и има CPU со шест јадра. Компанијата ветува подобрување на перформансите од 40 проценти во однос на претходниот iPad Air и подобрена GPU поддршка.

Apple истакнува дека A14 Bionic е најнапредениот чипсет што досега го креирала компанијата, а процесорот имплементира и специјални machine learning акцелератори кои ќе можат да ги користат апликациите. iPad Air сега користи и USB-C порт наместо Lightning и преку него ќе можат да се поврзат различни надворешни уреди како USB стикови, екстерни хард дискови, фотоапарати, камери, монитори и други.

Кога се во прашање камерите, новиот Air го позајмува 12MP senzor од iPad Pro и го надградува со подобрена стабилизација за видео снимање. Присутна е и 7MP FaceTime HD камера, со поддршка за smart HD за snimanje 1080p 60fps видеа.

Најновиот iPad Air поддржува Apple Pencil и Magic Keyboard, а во продажба ќе се најде од октомври по цена од 599 долари.

Apple го претстави и новиот достапен iPad од осмата генерација базиран на A12 Bionic процесор. Од компанијата тврдат дека е три пати побрз од најдобриот Android таблет и два пати побрз од најбрзиот Windows таблет уред.

Како и седмата генерација, новиот iPad го краси дисплеј од 10,2 инчи, а поддржува и Apple Pencil од првата генерација и може да се спои на тастатурите на Apple и Logitech. Цената на новиот основен iPad почнува од 329 долари.