Јапонската компанија Nintendo објави скок на профитот од 428% за својот прв фискален квартал, поддржан од континуираната побарувачка за конзолата Switch и хит играта Animal Crossing: New Horizons, откако пандемијата на коронавирусот ја засили гејмерската индустрија, пренесува Reuters.

Оперативната добивка за април-јуни достигна 144,7 милијарди јени (1,37 милијарди долари). За споредба, просечната прогноза на аналитичарите анкетирани од Refinitiv SmartEstimate беше 71 милијарди јени.

Nintendo се покажа како победник во пандемијата, додека домашните корисници се свртеа кон игри како што е Animal Crossing, од која продадоа 10,6 милиони единици во првиот квартал, со што вкупната продажба достигна 22,4 милиони.

Компанијата продаде 5,7 милиони примероци од конзолата Switch во првиот квартал

Списокот на планирани нови игри за Switch е невообичаено слаб. Nintendo објави дека ќе објави подобрена верзија на Pikmin 3, која првично беше објавена за претходникот на конзолата Wii U.