Специјалистот доктор забележал дека инфекцијата коронавирус може да се појави кај луѓето на многу различни начини.
„Болеста Ковид-19 кај човекот, како правило, не почнува со зголемена телесна температура“ – изјавил докторот по медицински науки Андреј Тјажељников.
Според неговото мислење, наглиот скок на телесната температура е една од основните одлики на обичниот грип.
„Доколку забележите дека телесната температура нагло се зголемува до 40 степени, покрај тоа ги имате и сите останати други симптоми, како што е на пример омалаксаноста, тогаш тоа најверојатно е грип“ – смета рускиот доктор.
Кај коронавирусот најчестите симптоми се губењето на сетилото за мирис и вкус.
Специјалистот исто така забележал дека коронавирусот кај човекот може да се појави на различни начини.
„Оваа болест до крајот не е проучена. Видовме апсолутно асимптоматски пациенти на кои што сериозно им беше оштетено белодробното ткиво, а видовме и луѓе кои што беа сериозно болни, но немаа воспаление на белите дробови“ – навел докторот.
Извор: Sputnik