Голема улога во сознанијата на овие дамнешни настани одиграл Земјиниот верен „следбеник“ Месечината.

Баш кога првите знаци на сложениот живот се случиле на Земјата, пред 800 милиони години, тогаш и дождот од метеорити паднал на Земјата и Месечината, покажало истражувањето.

Тимот од Универзитетот од Осака користел податоци кои што биле собирани со теренска камера на вселенското брдо Кагуиа во лунарната орбита за да се одреди староста на 59 различни кратери.

За разлика од Земјата, Месечината не пати од ерозија, што на научниците им ги олеснува пронајдоците, испитувањата и точното датирање на судирот метеорити кој што ги погодил Земјата и Месечината.

На Месечината се создале кратери долги 12 милји, но на Земјата се покренале цунами, жаришта и дошло до голема количина фосфор.

Метеоритите настанале кога џиновски астероид широк 62 километри пробил десеттина помали карпи подлабоки во Сончевиот систем, велат од истражувачкиот тим.

Земјата била „засенета“ со 110 милиони милијарди дождовни метеорити – што е 60 пати повеќе од вселенските карпи со големина на град која што ги уништила диносаурусите.

Масовниот дожд од метеорити кој што ја погодил Земјата и Месечината се случил баш кога се развивале првите копнени растенија.

Извор: Srbija Danas