Amazon започна со продавање на безбедносна камера која на испорачувачите на пакети од компанијата ќе може да им отклучи врата. Станува збор за комбинација од камера, паметна брава и апликација.
Секој од уредите работи независно и како што и очекувате. Безбедносната камера го снима движењето, бравата отклучува и заклучува, а апликацијта овозможува корисникот на екранот на телефонот да ја добие сликата од камерата. Цената на комбинацијата е 250 долари.
Корисниците на Amazon Prime услугата можат да им отклучат врата на доставувачите од Amazon. Од компанијата го известуваат корисникот дека доставата е таа и со точниот пакет.
„Корисниците на Prime сега можат да одберат испорака до домот, на телефонот да погледнат и да бидат сигурни дека нивните пакети се доставени“, вели Питер Ларсен од Amazon.
Засега услугата е достапна единствено за испораки на Amazon. Во иднина сервисот ќе биде компатибилен со услуги за чистење на домот или за шетање на домашни миленичиња, пренесе Guardian.