Денеска почнува фестивалот за современи уметности АКТО во кино Култура во Скопје.

Во холот на киното ќе биде поставен штанд на кој ќе се продаваат независни музички изданија. Идејата на овој музички саем е да се промовира новата македонска музика и македонските артисти, со посебен акцент на трендот на издавање македонска музика на плочи.popap-akto

Ќе има и истражувачко студио за храна, наука и уметност, во кое учесниците преку процесот на готвење храна ќе ја истражуваат поврзаноста меѓу кулинарството, науката и уметноста или процесот од идеја до готово дело. После готвењето следи музичкиот дел со DJ сетови на Мирко Попов, Flooder и Илина Ангел.

На вториот фестивалски ден в сабота во Железничка зграда ќе се одржи перформативно-истражувачки проект насловен „Кога зградите би зборувале“.