Не постои дете во светот кое не чуло за легендарните обоени пластични парчиња од кои се прават неверојатни форми и фигури. Токму тие, популарните Lego коцки деновиве прославија 60 години постоење. За првпат на пазарот се појавија на 28 јануари 1958 година, кога нивниот идеен творец, Оле Кирк Кристиансен го патентираше својот изум.

Непознатиот столар од Данска, денеска е вистинска легенда. Почнал со како производител на најразлични играчки, од кои најголемиот дел биле дрвени. Почнал со мала компанија основана уште во 1934 година која имала само 6 вработени. Во 1942 година, фабриката му била уништена во пожар но Кристиансен не се откажал и наскоро продолжил со производството, движејќи се главно кон создавање нови дрвени играчки. За неколку години почнал да прави 200 различни видови дрвени и пластични играчки, исто така дизајнирајќи ги првите прототипови на Лего коцките.

Во 1960 година фабриката почнала да ги произведува првите пластични играчки пред сè, фокусирајќи се на легендарните коцки, кои биле прецизно дизајнирани за да можат совршено да се вклопуваат една во друга. Денеска Lego има и свои тематски паркови низ целиот свет. најпознат е оној во Виндзор, Канада, но исто така и оној во Калифорнија.