Веќе некое време е познато дека Samsung подготвува 5G верзија на флексибилниот смартфон Galaxy Z Flip, а се очекуваше дека уредот ќе биде претставен на 5. август. Сепак, компанијата има други планови, па поради тоа сега е претставен овој уред.
Во принцип, смартфонот е речиси идентичен со својата 4G верзија, а покрај 5G можностите, го доби и новиот чипсет Snapdragon 865+ и малку повисока цена. Во САД ќе се продава за 1.450 долари, што претставува зголемување од 70 долари во однос на претходната генерација.
Продажбата ќе почне на 7. август, што е речиси веднаш по настанот на 5. август, каде очекуваме да биде претставена Galaxy Note20 серијата и неколку други производи во различни категории.
Уредот ќе биде достапен во две бои – Mystic Grey и Mystic Bronze, а очигледно ќе биде достапен и во оние земји каде што има 5G мрежи.
Поддршката за 5G е изразена при работа со фреквенции под 6GHz, а покрај тоа уредот доаѓа со неколку мали подобрувања на софтверот што ги немаше во 4G верзијата. Компанијата го подобри Flex режимот, што им овозможува на апликациите да го променат својот интерфејс кога уредот е преклопен на половина.
Оваа одлика сега ќе работи подобро со YouTube, а апликацијата за камера ќе поддржува и повеќе агли на отворање на двата дела на телефонот. Samsung, исто така, ветува повеќе можности за Edge Panel функцијата, што ја знаеме од другите телефони на компанијата.