Кинеската компанија BOE изгледа дека фати чекор со видечките производители на пазарот (Samsung Display и LG Display) на полето на on-cell OLED дисплеј технологијата, а компанијата е избрана од Huawei за производство на екрани за претстојните Huawei Mate 40 и Mate 40 Pro телефони.
BOE ќе биде ексклузивен снабдувач на дисплеи за стандардниот Mate 40 модел, додека Mate 40 Pro ќе користи панели од три производители : BOE, Samsung и LG.
Како што сугерира името, on-cell дисплеите ќе имаат слој осетлив на допир, кој е вграден во самиот дисплеј панел. Постарата технологија бараше засебни тач слоеви, со празнина помеѓу слојот и екранот. Новата технологија ќе му овозможи на екранот подобри оптички и механички својства, а ќе го направи потенок и поевтин.
Покрај ова, дојавувачот RODENT950 навестува дополнителни детали за Huawei Mate 40 телефоните, преку емотикони. Се сугерира дека Mate 40 Pro ќе има waterfall дисплеј и овален punch-hole отвор за две селфи камери. Стандардниот Mate 40 би требало да има закривен екран и една селфи камера.