Facebook објави дека ќе ги зајакнe опциите за контрола на безбедностa кога станува збор за апликацијата Messenger, односно корисниците ќе можат да избришат голем број сомнителни пораки одеднаш.

Во официјалното соопштение, компанијата додава дека работат и на нови начини за пријава на онлајн вознемирување и дека ќе биде олеснето пријавувањето на пораките со ваква содржина.

Исто така, од Facebook рекоа дека работат на функција која ќе ја препознае личноста која контактира повеќе луѓе одеднаш или испраќа голем број понуди за пријателство на малолетни корисници.

Извор: B92.net