LG одлучи дека ќе учествува на годинашниот IFA 2020 саем, кој ќе се одржи од 3. до 5. септември во Берлин. CTO на компанијата, Парк ќе одржи пред конференција за медиумите на денот на отворањето на саемот.
Организаторот на саемот Messe Berlin најави дека заедно со германските власти ќе имплементира здравствено-безбедносни мерки. LG се придружи на тоа и најави дека ќе ги спроведе сите мерки на социјално дистанцирање на својата прес конференција.
Како додаток на оваа објава, LG нагласи и дека во компанијата е ставен акцент на работата од дома, како и дека на саемот ќе ја претстави својата визија на иднината на куќни уреди која ќе биде во склад со таквите начела.
LG очекува дека поради пандемијата на Ковид-19 ќе има пад од 24 проценти во својот оперативен профит во вториот квартал од 2020. година, во споредба со истиот период од пред една година.