Се појавија листи со спецификации, како и рендери на претстојните Huawei MatePad T10 и Matepad T10s таблети, а протечените информации ги откриваат речиси сите најбитни детали за уредите.
MatePad T10s има 10.1-инчен IPS LCD екран со 1920 x 1200p екран, а го покренува HiSilicon Kirin 710A чипсет. Достапните комбинации на RAM и простор за складирање се 2GB + 32GB и 3GB + 64GB, со поддршка за microSD картички до 512GB.
Уредот ќе го напојува батерија од 5100mAh. Тука е и 5MP камера со AF поддршка за задната страна, како и 2MP предна камера. Оперативниот систем е Android 10 со EMUI 10.1 интерфејс. Таблетот има Harman Kardon звучник.
MatePad T10 има нешто помал дисплеј (9,7 инчи) со резолуција од 1280 x 800p. Конфигурациите на меморија се 2GB/16GB и 2GB/32GB за RAM и просторот за складирање. Интересно е дека помалиот таблет има два стерео звучника, со поддршка за Huawei Histen 6.0 технологија.
Засега нема информации за тоа кога Huawei MatePad T10 и T10s ќе бидат достапни на пазарот.
Поврзани артикли