Audi RS3 е еден од највозбудливите автомобили во својот сегмент благодарение на неговиот мотор со пет цилиндри, но моделот од следната генерација носи големи промени.

Новите извештаи велат дека крајот на актуелната генерација на Audi RS3 ќе значи и крај на споменатиот мотор, бидејќи следниот модел ќе има целосно електричен погон на сите четири тркала и ќе забрзува од 0 до 100 km/h за помалку од 4 секунди.

Изворите на магазинот Autocar тврдат дека компанијата одлучила да оди на електричен погон за следната генерација на A3, која ќе добие и електрични S3 и RS3 верзии.

Погонот на предните тркала исто така станува минато, бидејќи основните модели во семејството ќе имаат погон на задните тркала. Ќе биде достапен и погон на четири тркала, кој ќе биде стандарден во моделот RS3. Audi ќе користи два електрични мотори и некаков вид на векторирање на вртежниот момент.

Актуелниот RS3 испорачува 401 КС и вртежен момент од 500 Nm и има погон на сите тркала Quattro. До „стотка“ забрзува за 3,8 секунди, а електричниот наследник би можел да биде уште побрз.

Семејството А3 ќе се базира на SSP платформата на Volkswagen Group, која е дизајнирана да поддржува систем од 800V. Десетминутното полнење на батеријата треба да биде доволно за да помине речиси 130 километри, што е значително побрзо од системот 400V што го користат моделите како ID.4 на Volkswagen.

Исто така, електричниот A3 ќе биде нешто поголем од моделот во заминување со SUS мотор, а се очекува и хечбек и седан.