Honor е подготвен на 2. јули да го претстави својот X10 Max 5G телефон, а пред тоа се појавија фотографии кои го прикажуваат уредот. Фотографиите ја покажуваат само задната страна и рабовите на телефонот, а не ни ја откриваат најбитната карактеристика на смартфониот – неговиот огромен 7.09-инчен IPS LCD дисплеј.
Јасно е видливо дека уредот пристигнува со две камери на задниот дел, а протечените информации од претходно сугерираат 48MP главен сензор и 2MP сензор за длабочина.
Фотографиите укажуваат и на симетрични микрофони во дното и постоење на NFC и приклучок за слушалки. Honor X10 Max ќе биде достапен во црна, сина и виолетова варијанта, а ќе има и 5000mAh батерија. Ќе го покренува Dimensity 800 чипсет, со 6GB/8GB RAM и 128GB/256GB простор за складирање.
Honor X10 Max 5G неодамна се појави на Geekbench, а се очекува дека ќе пристигне со Android 10 без поддршка за Google Play сервисите.