Се појавија информации кои укажуваат на капацитетот на батеријата и можностите за полнење на претстојниот смартфон Xiaomi 12 Ultra.

Досега се појавија многу детали за спецификациите на Xiaomi 12 Ultra кој ќе биде претставен наскоро, а сега дојавувачот Digital Chat Station ни нуди детали и за батеријата на уредот.

Според неговиот извештај, претстојниот премиум телефон на кинеската компанија ќе има батерија од 4900 mAh, со поддршка за брзо полнење од 120 W.

Покрај тоа, Xiaomi 12 Pro ќе има малку помала батерија (4600 mAh) со поддршка за истата брзина на полнење.

Двата споменати капацитети се нешто помали од она што го нуди телефонот Mi 11 Ultra, кој има батерија од 5000 mAh.