Најбрзиот суперкомпјутер во светот, јапонскиот Fugaku, се користи за борба против коронавирусот.
Fugaku титулата за најбрз суперкомпјутер во светот ја доби во понеделникот откако е откриено дека за 2.8 пати по секунда побрзо ги врши калкулациите за разлика од IMB компјутерот во САД.
Американската машина Summit беше четирипати на врвот на ТОП500 листата, Fugaku ја прекина американската и кинеската доминација која трае 11 години. На оваа листа се наоѓаат најбрзите компјутерски системи во светот.
На кој начин Fugaku помага во борбата за справување со коронавирусот? Суперкомпјутерот врши симулации за тоа како вирусот се шири низ капки во канцелариите со поставени прегради или во преполни возови со отворени прозорци, пишува BBC.
Кога ќе биде целосно оперативен идната година експертите се надеваат дека ќе помогне во потрагата за ефикасни третмани на лекување на заразените со вирусот.
Fugaku е развиен од јапонската технолошка фирма Fujitsu во соработка со Институтот Riken.
Извор: Klix.ba