Астронаут од Обединетите Арапски Емирати, кој требаше да биде испратен на мисија во Меѓународната вселенска станица во април, нема да лета во вселената откако ракетата „Сојуз“ имаше дефект поради кој итно мораше да слета во Казахстан, соопштија денеска извори од оваа индустрија.

„Во април, астронаутот од Обединетите Арапски Емирати дефинитивно нема да лета до Меѓународната вселенска станица. Нема да лета бидејќи нема вселенско летало“, пренесе агенцијата „Тасс“.