Apple Watch наскоро ќе им помогне на своите корисници да проценат дали доволно темелно ги измиле рацете за да спречат ширење на коронавирус.
Како дел од иновациите кои ќе бидат имплементирани во WatchOS 7, на WWDC е претставена и функција што ќе му овозможи на Apple Watch да открие дали лицето кое го носи часовникот редовно ги мие рацете.
the new Apple WatchOS has "handwashing detection" to help you wash for 20 seconds #WWDC20 #WWDC2020 pic.twitter.com/A8t0a14C1B
— Chris Fox (@thisisFoxx) June 22, 2020
Ако сфати дека редовно ги миете рацете, секој пат кога ќе го правите тоа, ќе брои 20 секунди, колку што би требало минималното да трае миењето на рацете. При истекот на овие 20 секунди, уредот ќе вибрира, па знаете дека поминало доволно време.
Овој паметен часовник ќе собере информации за околината, вклучувајќи звуци и тоа дали сте во окружување на водена околина, за да знаете дали да се придржувате до мерките за миење раце. Новиот оперативен систем WatchOS 7 би требало да стане достапен некаде наесен.
Apple Watch со оваа надградба ќе го следи и сонот на корисникот преку апликацијата Sleep и ќе му помага во постигнување на поквалитетно и подолго спиење, како и полесно будење.
Извор: B92.net