Платформата за видео игри Steam работи на нова функција која треба да им даде на корисниците поголема приватност.

Според инсајдер на Twitter, Steam развива опција која ќе ви овозможи да означите игра како „приватна“.

На овој начин, ќе можете да го скриете она што го играте од вашите пријатели – иако моментално е можно да бидете офлајн, сепак тоа не го решава целосно проблемот со приватноста, бидејќи сè уште останува трага од вашата игра.

Оваа опција ќе биде особено корисна за оние кои би сакале да го сокријат од своите пријатели што играат, бидејќи Steam има се повеќе игри кои се означени како 18+, па затоа не е чудно што некои претпочитаат да задржат сè помеѓу нив и компјутерот.