Покрај надградбите на софтверските платформи, најавена е и историската транзиција на Mac компјутерите на сопствените Apple чипови, засновани на ARM архитектура.
Apple ја отвори својата онлајн програмерска конференција WWDC 2020 со вообичаената Keynote презентација, на која ги претстави новите верзии на своите оперативни системи iOS, iPadOS, WatchOS и MacOS. Покрај надградбите на софтверските платформи, најавена е и историската транзиција на Mac компјутерите на сопствените Apple чипови, засновани на ARM архитектура.
macOS Big Sur
Најавена е и новата, редизајнирана верзија на компјутерскиот оперативен систем, macOS 11 – Big Sur. Новиот оперативен систем ќе биде визуелно препознатлива, но и поблиска до мобилните софтверски платформи, кога станува збор за иконите и менијата. Редизајнот и новите функции ќе пристигнат во речиси сите делови на macOS, а ќе бидат присутни и виџетите и посебниот нов контролен и нотификациски центар, кои повторно потсетуваат на iOS.
Веб прегледникот Safari, исто така, корисникот транспарентно ќе го известува за сигурноста и приватноста на секој од посетените веб страници. Ќе добие Extension API, па програмерите за него ќе можат да креираат екстензии или да ги пренесуваат оние изработени за другите прегледници. Табовите и почетната страница ќе бидат редизајнирани, а стартниот екран ќе биде можно да се сприлагоди и според сопствените преференци, вклучувајќи ја и позадинската фотографија на браузерот.
Mac на Apple процесори
Во согласност со очекувањата, Apple денеска на Keynote презентацијата најави дека Mac компјутерите од досегашните Intel процесори ќе преминат на сопствени процесори, засновани на ARM архитектура (ќе ги користат процесорите од iPhone и iPad). Напуштањето на решенијата на Intel би требало да ги подигне Mac компјутерите на сосема ново ниво, да го цитираме Тим Кук. По десет геенрации мобилни процесори, компанијата сега истата архитектура ќе ја префрли и на декстопите и лаптопите, овозможувајќи им подобри перформанси и енергетска ефикасност.
Технологиите вградени во процесорите на Apple ќе овозможат уште подобра соработка на хардверот и софтверот на сите нивоа. Компанијата ќе развие цело семејство процесори за Mac, а бидејќи ќе бидат на истата архитектура како и мобилните уреди, на програмерите ќе им биде олеснета работата.
Преминот на Apple чипови би требало да биде мазен – сите апликации на Apple уште сега се изработени како нативни за ARM архитектурата. Се што ќе им треба на надворешните програмери за креирање апликации за новата генерација Mac компјутери ќе биде вградено во Xcode, па комилирањето апликации во новиот облик би требало да биде лесно. Сите Mac-ови прикажани на денешната презентација веќе сега работат на A12 генерацијата процесори, а Apple има подготвен транзициски OS. Прикажаа како на ARM работат Office апликациите, Photoshop и FinalCut Pro, кој очигледно ќе нема проблеми со преминот (на пример: три прикази на видео истовремено без сецкање или флуидна обработка на 5-гигабајтна фотографија).
Ќе бидеовозможено и лесно портање на iOS и iPadOS апликациите на десктоп, без никакви промени – апликациите ќе се преземаат директно од App Store.
Програмерите пред транзицијата ќе имаат прилика да набават и Mac Mini (Developer Transition Kit) со A12Z процесор, на кој ќе можат да ги испробаат своите апликации, и тоа веќе од оваа недела, за да се подготват за преминот на чиповите на Apple. Целосниот премин на ARM се очекува во период од две години, а првиот компјутер со ваков процесор ќе се појави до крајот на оваа година.
WWDC 2020: Apple ги претстави iOS 14 и iPadOS 14 со виџети на почетниот екран (ВИДЕО)