Професорот Карол Сикора, британски лекар и специјалист за окологија и советник во Светската здравствена организација, тврди дека 10% од луѓето инфицирани од коронавирус ќе развијат антитела, пренесува „Дејли мејл“.
„Поголемиот дел од популацијата на тестот за антитела ќе има негативен резултат, дури и доколку имале коронавирус“, тврди Сикора.
Тоа малцинство, „имуно привилегирани“ или „ковид-елита“, како што ги нарекува професорот Сикор, први ќе се вратат на работа и ќе почнат да патуваат. Остатокот од луѓето кои нема да имаат антитела, нема да ја имаат таа привилегија.
Тој вели дека нема сите кои го имале вирусот да произведуваат антитела, кои тестот ќе ги детектира и дека секој човек користи поинаков имунолошки одговор на нападот на коронавирусот. Некои делови на човечкиот имунолошки систем и денес се целосна мистерија на научниците. Поради тоа никогаш нема да можеме да ги видиме вистинските размери на епидемијата, ниту со сигурност да тврдиме кои имал вирус, а кои не, вели професорот.
„Ако имате антитела, можете да се сметате за привилегирани или ‘ковид-елита’. Вие сте тогаш исклучок меѓу правилата, затоа што практично, сосема е сигурно дека нема повторно да се заразите и дека нема да го пренесете вирусот понатаму.
„Но, целата работа околу тоа е што во светот има само 10% од таквите случаи. Постојат многу имунолошки системи на одбрана кои не можеме да ги измериме и да ги детектираме“, вели професорот Сикора, додавајќи дека имунолошкиот систем е многу софистициран и дека сè уште не е познато како истиот работи, особено во случајот со коронавирусот.
„Постои нешто што го нарекуваме имунолошка темна материја, која не ја разбираме, но знаеме дека постои и дека нè штити. Може да се утврди дека таа ни е најголемата заштита од вирусот“, вели професорот.
Извор: Репортер.мк