Qualcomm ја објави својата прва 5G мобилна платформа во рамките на 6-series чиповите, а во прашање е Snapdragon 690 5G. Овој чипсет го покрива средниот сегмент на пазарот и на производителите на телефони ќе им овозможи на поширок број корисници да им овозможи 5G искуство.
Snapdragon 690 овозможува некои од премиум карактеристиките, кои ги ндуи и Snapdragon 865 5G, вклучувајќи Qualcomm AI Engine од петтата генерација, 4K HDR видео снимање, како и поддршка за 120Hz дисплеи. Qualcomm AI Engine од петтата генерација овозможува паметна камера и видео, гласовно преведување, гејминг искуство покренато од AI и друго.
Qualcomm тврди дека Kryo 560 CPU овозможува подобрување на перформансите од 20 проценти, додека AI Engine нуди подобрување од над 79 проценти во AI перформансите во однос на претходникот.
Се очекува дека телефоните со Snapdragon 690 чипсет ќе станат комерцијално достапни од втората половина на 2020. година. Некои од производителите кои ќе го имплементираат новиот чипсет се HMD Global, LG, Motorola, SHARP, TCL и Wingtech.