Кинеската компанија Xiaomi е најпозната по своите телефони, но се повеќе се шири на различни сегменти од пазарот. Сега Xiaomi го претстави мониторот Mi Gaming Display, кој има 165Hz, 27-inčni IPS панел со 1440p резолуција.

Xiaomi Mi Gaming Display е всушност четвртиот монитор на кинескиот гигант. Според достапните спецификации, мониторот има одзив од 1ms MPRT или 4ms GtG, што во комбинација со високата стапка на освежување, значи дека е првенствено насочен кон гејминг популацијата.

Mi Gaming Display од портовите има 3x USB 3.0, 1x HDMI, 1x DisplayPort приклучоци, како и 1x 3.5mm порт. Екранот користи 8-битен панел, кој произведува 95% DCI-P3 спектар на бои. Тука е и DisplayHDR 400 сертификат, со максимално осветлување од 400 нита.

Мониторот дебитира на кинескиот пазар, но се очекува дека Mi Gaming Display наскоро ќе биде достапен и на пазарите ширум светот.