Претстојниот Unpacked настан на Samsung ќе се одржи на 5. август, а се очекува дека главни ѕвезди ќе бидат моделите од Galaxy Note20 серијата. Се појави и тизер од јужнокорејската компанија, кој укажува на објава на нови Galaxy Buds слушалки, а сега уште еден видео тизер на Twitter навестува објава на нов Fold уред.

Твитот што го објави @SamsungMobile прикажува течен метал кој капе и формира облик на пеперутка. Првиот флексбилен смартфон на Samsung – Galaxy Fold ја имаше пеперутката како главна позадина и беше дел од маркетиншката кампања на уредот.

Претходните гласини сугерираа дека наследникот на Samsung Galaxy Fold уредот, кој би требало да го носи името Galaxy Z Fold 2 ќе има пониска цена од неговиот претходник.

Galaxy Z Fold 2 би требало да има систем со три камери на задната страна, стапка на освежување на екранот од 120Hz, а ќе го покренува премиум Qualcomm Snapdragon 865 чипсетот.