Компанијата MSI претстави нови десктоп компјутери, кои ги карактеризираат процесори до Intel Comet Lake од десеттата генерација.
Моделот Cubi 5 10M е mini PC, кој може да се постави на мониторот преку VESA поддршка. Компјутерот има Intel U-series процесор од 15W, а се продава по почетна цена од 549 долари.
Cubi N 8GL користи Intel Gemini Lake процесори во Celeron N4000, N4100 или Pentium N5000 варијанти. Изборот на овие CPU решенија би требало да овозможи поефикасна потрошувачка, со дизајн без вентилатори во 0,45l куќиште. Почетната цена на овој модел изнесува 319 долари.
MSI Pro 16T е 15.6-инчен All-in-One десктоп, со Celeron и Pentium процесори. Компјутерот лесно може да се поврзе на POS уреди, како што се скенери на баркодови. Почетната цена на овој компјутер изнесува 499 долари.
На крајот, MSI го претстави и Pro 24 X 10M со Celeron U или Pentium Gold U процесори, а тука е и опцијата за Comet Lake U процесори. Овој All-in-One PC има 24-инчен дисплеј, а во продажба е достапен по цена од 499 долари.