Компанијата Oppo претстави подобрена верзија на своите AR Glass очила.

Првиот модел имаше специфичен дизајн за VR очила, но новата верзија, односно моделот Oppo AR Glass 2021, многу повеќе личи на стандардни очила.

Новите очила се 75 проценти полесни од претходните, а со телефонот Find X2 Pro се спојуваат со помош на USB-C to USB-C кабел. Резултатот е големо подобрување на перформансите благодарение на Qualcomm процесорот Snapdragon 865.

Новото оптичко решение го зголемува контрастот за 53 проценти, светлината до 98 отсто и пикселите за 40 проценти. Очилата имаат вграден 0,71-инчен OLED дисплеј, чија светлина кон окото ја рефрактира спектроскоп.

AR Glass 2021 очилата имаат и голем звучник и уникатен полуотворен акустичен дизајн. Тоа значи дека корисникот доживува искуство на домашно кино како да гледа 90-инчен екран на оддалеченост од три метри.

Кога очилата ќе се спарат со смартфон, неговиот екран може да се користи како тачпад.