И социјалната платформа Snapchat, следејќи го примерот на Твитер, одлучи да му го ограничи пристапот на Доналд Трамп, и да го стопира објавувањето на видеата што американскиот претседател ги користи зa самопромоција, се наведува во соопштението на американската компанија Snap, која е сопственик на апликацијата.

Американските медиуми објави дека одлуката на Snapchat значи дека видеата на претседателот веќе нема да бидат прикажувани во рубриката „Разоткривање“, во која се објавуваат вести и видеа на познати личности.

Профилот на Трамп на Snapchat и натаму ќе остане активен и видлив за секој кој сака да го посети, но новите видео соддржини нема да бидат објавувани.

Со оваа одлука, калифорниската компанија Snap застана зад Твитер, која до точка на вжештување ја доведе својата кампања против Трамп.