Компанијата Хублот произведе нов паметен часовник наречен Hublot Big Bang, за кој ќе биде потребно купувачите да издвојат над пет илјади долари.
Big Bang смартвочот го користи оперативниот системот WearOS, кој е достапен во две верзии. Црната керамичка верзија чини 5.800 долари, а верзијата од титаниум 5.200 долари.
Двата часовника имаат 42 mm OLED HD екрани осетливи на допир заштитени со сафирен кристал, Snapdragon Wear 3100 процесори, 1 GB RAM, 8 GB интерна меморија и батерии од 300 mAh. Часовниците имаат и дополнителни можности, меѓу кои се различните прикажувања на содржини, промената на бои и слично.
Hublot влезе на пазарот на паметни часовници во 2018. година, кога дебитираше Big Bang Referee часовникот инспириран од Светското првенство во фудбал, а компанијата беше официјален спонзор на Мундијалот. Тој часовник чинеше 5.200 долари.