Пандемијата на коронавирусот имаше значајно влијание на технолошката индустрија – компаниите ги откажуваа настаните и ги одржуваа онлајн, производството во еден момент беше запрено или намалено. Исто така, пандемијата влијаеше на тоа побарувачката за хардвер да биде во пад, а компаниите мораа да ги одложат поголемите објави на производи и услуги.
Според најновиот извештај на Gartner, испораката на уреди во текот на 2020. година ќе оствари пад од 13,6 проценти, на вкупно 1,9 милијарди уреди. Само поради споредба, во текот на 2019. година се испорачани 2,16 милијарди уреди, од што 1,7 милијарди смартфони 400.000 компјутери. Во текот на оваа година, испораката на споменатите две категории ќе забележи пад од 14,6% и 10,5 проценти.
Gartner дополнително напоменува дека во текот на 2021. и 2022. година би можело да дојде до пораст на испораката на преносни уреди, како што се Chromebook компјутери, лаптопи и таблети, бидејќи се повеќе луѓе работат од дома. Се споменува дека во текот на следните години бизнис лаптопите би можеле да ги заменат десктоп компјутерите.