Деветгодишно момче почина од редок синдром во Франција, кој веројатно е поврзан со коронавирусот, изјави портпаролот на болницата „Тимон Марсеј“.
Детето имало позитивен тест за коронавирус, но не развило симптоми. Момчето било хоспитализирано поради проблеми со срцето и поминало седум дена во болница, а потоа починало во саботата од „невролошка повреда“ како резултат на срцев застој.
Француските власти се свесни за ретката болест која потсетува на заболувањето Кавасаки, со симптоми што се состојат од воспаление, отечени екстремитети, осип на кожата и срцев удар. Портпаролот на националната здравствена агенција за Си-ен-ен изјави дека 135 деца ја развиле оваа болест од почетокот на пандемијата“. Се претпоставува дека ова е прв смртен случај во Франција од овој синдром.
Бидејќи болеста потсетува на болеста Кавасаки, француската здравствена агенција ја нарекува оваа болест „слична на Кавасаки“, изјави портпаролката на националната здравствена агенција.
„Болеста Кавасаки обично се јавува кај деца под пет години, додека болеста што ја набљудуваме сега влијае на деца на возраст меѓу 5 и 15 години“, рече таа.