MSI претстави два нови монитора во рамките на својот Optix бренд. Во прашање се моделите Optix G241 и G271, кои ги карактеризира 1080p IPS панел со 144Hz стапка на освежување.
Двата монитора имаат и 1ms одзив, како и поддршка за AMD FreeSync. Она во што се разликуваат панелите (освен големината) е дека 27-инчниот G271 модел има 92% DCI-P3 покриеност на бои (G241 има 94%). Аглите на гледање од 178 степени, максималното осветлување од 250 cd/m² и 1000:1 контрастот се исто така заеднички за двата модела.
Кога се во прашање портовите, достапни се 2x HDMI 1.4b, 1x DisplayPort 1.2a и 1x аудио излез. Optix G271 е достапен по цена од 239 долари, додека G241 има цена од 190 долари.