Meta планира да го продаде вишокот AI компјутерски капацитет преку развој на нови cloud услуги.

Американската технолошка компанија Meta развива бизнис за услуги за cloud computing за да им продава на компаниите вишок компјутерски капацитет наменет за развој на вештачка интелигенција, објави Блумберг.

Веста позитивно влијаеше на акциите на Meta, кои скокнаа за повеќе од 10 проценти во текот на денот, додека акциите на компаниите CoreWeave и Nebius, кои се специјализирани за изнајмување AI компјутерска инфраструктура, забележаа двоцифрени загуби поради очекувањата дека Meta би можела да стане нивен конкурент, но и да ја намали употребата на нивните услуги.

Како дел од новиот бизнис, Мета би им понудила на корисниците пристап до својот компјутерски капацитет и инфраструктура за развој на вештачка интелигенција, со што би влегла во директна конкуренција со водечките светски даватели на cloud услуги, вклучувајќи ги Amazon Web Services, Microsoft Azure и Google Cloud.