Во една американска држава, полицијата може да користи податоци од пребарувањето на Google за да идентификува осомничени во сериозни кривични случаи.
Судот во Пенсилванија пресуди дека полицијата може да користи податоци од пребарувањето на Google за да идентификува потенцијални осомничени во кривични истраги.
Одлуката е донесена во случај на киднапирање и силување од 2016 година, во кој истражителите побарале пристап до пребарувањата на Google поврзани со адресата на жртвата во деновите пред злосторството. Судот пресуди дека таквата постапка не ги крши уставните права бидејќи корисниците, како што се вели, немаат „разумно очекување за приватност“ кога го користат пребарувањето на Google.
Врз основа на податоците обезбедени од Google, полицијата утврди дека пребарувањето за точната локација на жртвата било спроведено од IP адреса неколку часа пред нападот. Ова довело до идентификација на осомничениот, а дополнителни докази, вклучувајќи траги од ДНК, подоцна ја потврдиле неговата вмешаност во злосторството.
Судот во образложението на одлуката навел дека дигиталните траги, како што се пребарувањата на Google, можат да се споредат со банкарски извештаи или телефонски записи, кои властите ги користат со години во истрагите. Исто така, посочи дека политиките на Google јасно наведуваат дека може да ги споделува податоците со владини агенции.
Сепак, одлуката е критикувана од организациите за приватност, кои предупредуваат дека таков преседан би можел да овозможи масовно „истражуваее на пребарувања“, вклучително и податоци од луѓе кои не се директно осомничени.
