Американската компанија Meta, сопственик на социјалната мрежа Facebook, објави дека воведува асистент базиран на вештачка интелигенција во својата услуга Facebook Dating, која има за цел да им помогне на корисниците да ја запознаат својата сродна душа.

Вештачката интелигенција може да им предложи на корисниците да пребаруваат, на пример, „девојка од Бруклин која работи во технолошката индустрија“ или да го подобрат профилот на корисникот за да го направат попривлечен за потенцијалните партнери, објавува Tech Crunch.

Новата функција „Meet Cute“ им нуди на корисниците „изненадувачка средба“ избрана од алгоритмот секоја недела, што според Meta го намалува заморот од бесконечното прелистување низ профилите.

Компанијата вели дека функцијата го олеснува откривањето нови врски, особено кај помладите корисници.

Бројот на млади корисници на возраст од 18 до 29 години кои креираат профили на Facebook Dating се зголемил за 10 проценти во споредба со минатата година, иако вкупниот број е сè уште помал од конкурентите како што се Tinder или Hinge, кои имаат десетици милиони дневни активни корисници.

Facebook Dating е достапен во Соединетите Американски Држави, поголемиот дел од Европа, како и во други региони.

Асистентите базирани на вештачка интелигенција веќе станаа стандард во апликациите за запознавање, а извршната директорка на Bumble, Витни Волфхард, дури размислува да воведе алатка што би учествувала на состаноци наместо корисниците.