Интерпол уапси 260 осомничени за онлајн измама во координирана операција за сајбер криминал во 14 африкански земји, објави денес организацијата.

Операцијата, спроведена во јули и август, се фокусираше на измами во кои сторителите создаваат лажни романтични врски за да изнудат пари или да ги уценуваат жртвите со експлицитни видеа, објави АП.

Вкупно беа погодени повеќе од 1.400 жртви, со финансиска загуба од речиси 2,8 милиони долари.

Сирил Гут, вршител на должноста извршен директор на полициските служби на Интерпол, рече дека дигитално овозможените злосторства, вклучувајќи ги и измамите со секс и романса, брзо растат во Африка, предизвикувајќи финансиска и психолошка штета на жртвите.

Властите во Гана приведоа 68 осомничени, Сенегал уапси 22 лица кои се претставувале како познати личности, додека Брегот на Слоновата Коска уапси 24 осомничени за користење лажни профили и уценување со интимни фотографии.