Најновите протекувања покажуваат дека Redmi тестира телефон со батерија која би можела да има капацитет од дури 9.000 mAh, што би било навистина одлично.

Ова го објави на кинеската социјална мрежа Weibo познатиот дојавувач Digital Chat Station, кој напиша дека може да станува збор за батерија со „капацитет помеѓу 8.500 и 9.000 mAh“. Доколку ова се покаже како вистина, тоа би била една од најголемите батерии досега во телефон наменет за поширокиот пазар.

Покрај ова, интересна е и друга информација што ја објави дојавувачот – тој напиша дека дебелината на телефонот ќе биде само 8,5 mm, па затоа би бил извонреден подвиг да се набие батерија со таков капацитет, а димензиите на телефонот, барем кога станува збор за дебелина, да останат непроменети од просекот.

Сè уште не е јасно кој модел на Redmi ќе ја добие оваа батерија, но специјализираните форуми велат дека тоа би можел да биде иден телефон од Redmi Turbo или K-серијата. Моменталниот рекордер кога станува збор за траење на батеријата е Redmi Turbo 4 Pro, кој е достапен во Азија и беше претставен претходно оваа година со батерија од 7.550 mAh.

Протечените информации за батеријата Redmi од 9.000 mAh го ставаат Xiaomi во директна конкуренција со другите брендови кои бркаат рекорди за капацитет на батеријата. Ова првенствено се однесува на Honor, за кој неодамна се шпекулираше дека подготвува телефон со капацитет на батеријата од дури 10.000 mAh.