Најновата игра Resident Evil е веќе официјално најавена, а потврден е и датумот на нејзиното објавување.
Resident Evil 9: Requiem ќе биде игра со еден играч од жанрот survival хорор, а ќе биде објавена на 27 февруари 2026 година за PC, PlayStation 5 и Xbox Series X и S.
Главниот лик во играта ќе биде аналитичарката на ФБИ, Грејс Ешкрофт, која истражува низа мистериозни смртни случаи, а мора да се врати на точното место каде што е убиена нејзината мајка. Официјалното соопштение, исто така, потврди дека Raccoon City е уништен, вклучувајќи ја и зградата на полициската станица, а понатака ќе откриеме како ќе се поврзат приказните и дали ликовите што веќе добро ги познаваме ќе се појават во новата игра.
Иако цената сè уште не е потврдена, веројатно ќе биде околу 40 евра, како и повеќето поновите игри во серијата.
Resident Evil е култна серија survival хорор игри од јапонскиот издавач Capcom, која првпат се појави во 1996 година и помогна во обликувањето на жанрот. Играчите преживуваат во напнати, често клаустрофобични средини, борејќи се со зомбиња, мутанти и разни биолошки закани поврзани со корумпираната Umbrella Corporation.
Серијата комбинира хорор, акција и решавање загатки и е позната по својата атмосфера, иконски ликови како што се Леон С. Кенеди, Крис Редфилд и Џил Валентајн, како и незаборавни непријатели како што се Немезис и Алберт Вескер.