Повеќе од половина од корисниците на вештачка интелигенција ги користат нејзините услуги при купување преку интернет, наместо традиционалните пребарувачи, покажува нова студија.
Во истражувањето на Институтот Норстат, три проценти од испитаниците изјавиле дека секогаш користат AI наместо пребарувачи кога купуваат преку интернет, 14 проценти изјавиле дека ги користат почесто, додека 35 проценти повремено користат вештачка интелигенција за оваа намена.
Норстат анкетирал 7.282 граѓани на Германија, Обединетото Кралство, Шведска, Норвешка, Данска и Финска, на возраст меѓу 18 и 60 години, во јуни.
Луѓето најчесто користат вештачка интелигенција кога избираат патување, во 33 отсто од случаите. Потоа следуваат купување електроника со 22 проценти, производи „направи сам“ со 20 проценти и софтвер или дигитални претплати со 19 проценти.
Вештачката интелигенција игра помалку истакната улога во пребарувањето обувки и облека со 13 проценти, козметика со 12 проценти и недвижности со само седум проценти.
Германските корисници имаат помала веројатност да користат AI за купување отколку остатокот од Европа.
Сепак, Германија е лидер во користењето на AI во бизнисот, при што половина од испитаниците користат вештачка интелигенција секојдневно или неколку пати неделно на работа.
Меѓу AI алатките, ChatGPT на OpenAI е убедливо најпопуларниот – редовно го користат 86 проценти од корисниците на вештачка интелигенција. Gemini на Google го користат 26 проценти, а Microsoft Copilot го користат 20 проценти.
Кинеската AI алатка DeepSeek, која беше предмет на бројни дебати за заштита на податоците, е речиси целосно неискористена кај европските корисници.
Поврзани артикли