Google најави нова функционалност во рамките на својата алатка Gemini AI.
Функцијата им овозможува на корисниците да претворат која било фотографија во динамичен видео клип од осум секунди, во формат 16:9 и резолуција од 720p. Новата алатка го користи моделот Veo 3, најновата верзија на генераторот на видеа на Google, развиена од DeepMind.
Функционалноста е достапна за корисници со претплати на Google AI Pro и AI Ultra во одредени региони. Таа е лансирана преку веб-интерфејсот на платформата Gemini, а наскоро ќе биде достапна и мобилна верзија.
За да креирате видео, треба да го направите следново:
- Во апликацијата Gemini, изберете ја опцијата „Video“ од менито со алатки во prompt полето.
- Поставете фотографија преку копчето „+“.
- Внесете опис на движењето на објектот и аудио инструкции (музика, амбиентални звуци, дијалог).
- Алатката генерира видео клип и ви овозможува да го преземете или споделите.
Google наведува дека за време на развојот е спроведено обемно тестирање („red teaming“) за да се обезбеди сигурна и безбедна употреба на алатката. Исто така, сите генерирани видео клипови ќе имаат видлив воден печат што покажува дека содржината е создадена од вештачка интелигенција, како и невидлив дигитален потпис на SynthID што го отежнува манипулирањето со видеото.
Од неговото лансирање во мај, Veo 3 е користен за генерирање на повеќе од 40 милиони видео клипови преку апликациите Gemini и Flow. Покрај тоа, Google објави и дека Flow, алатка со вештачка интелигенција за креирање филмови и динамични сцени, ќе биде достапна во дополнителни 75 земји.