Без многу изненадување, Samsung имаше што да каже за тоа што Apple го претстави на својата конференција.

Apple неодамна одржа презентација на својата WWDC конференција, каде што претстави нови оперативни системи кои имплементираат нов дизајнерски јазик, како и некои нови функции за вештачка интелигенција.

Американската дивизија на Samsung не ја штедеше тастатурата и ги искористи социјалните медиуми за да ги „искритикува“ функциите што ги покажа Apple, а кои веќе постојат на уредите на Samsung.

Самсунг прво го насочи своето внимание кон масовниот редизајн на корисничкиот интерфејс на Apple, планиран за сите оперативни системи на компанијата.

Потоа Samsung US се осврна на темата за превод во живо, со оглед на тоа што уредите на јужнокорејскиот гигант ја имаат оваа функција веќе некое време.

Конечно, функциите со вештачка интелигенција најавени за уредите на Apple Watch исто така беа критикувани од Samsung:

Не е невообичаено производителите и технолошките гиганти да се „боцкаат“ и тролаат едни со други на овој начин. Apple го правеше тоа порано, Google е познат по тоа, а ова е нешто што веќе се очекува од големите конкуренти на пазарот.