Компанијата Google објави дека функцијата за историски уличен приказ на мапата сега е достапна на платформата Google Earth.
Како што објави порталот Tech Crunch, оваа опција претходно беше достапна само преку Google Maps, а новата функционалност им овозможува на корисниците виртуелно да „патуваат низ времето“ на Google Earth – од улица или од птичја перспектива.
Оваа новина беше воведена по повод 20-годишнината од Google Earth, која беше лансирана во 2005 година и забележа 100 милиони преземања во првата недела.
Како што е наведено, минатата година социјалните мрежи беа преплавени со трендот на корисници кои бараат стари погледи на нивните населби, куќи и кафулиња преку Google Maps, а сега истата функционалност ќе биде достапна и на апликацијата Earth.
Google објави и нови алатки наменети за професионални корисници во САД, кои, со помош на вештачка интелигенција, даваат увид во состојбата на планетата.
Поврзани артикли