Вештачката интелигенција продолжува да покажува колку е несигурна, а сега и Chicago Sun-Times е „изгорен“.

Chicago Sun-Times потврди дека овогодинешниот летен список за читање, кој вклучуваше неколку непостоечки наслови, е креиран со помош на вештачка интелигенција (AI).

Листата е креирана од фриленсер ангажиран преку еден од партнерите за содржини на весникот, пишува „Гардијан“.

Голем број критики се појавија на социјалните медиуми бидејќи весникот наводно користел софтвер ChatGPT за генерирање препораки, што доведе до појава на лажни наслови поврзани со вистински автори.

„Фиктивните“ наслови вклучуваат, меѓу другите, „Hurricane Season“ од Брит Бенет, „Nightshade Market“ од Мин Џин Ли и „The Longest Day“ од Руман Алам, иако ниедна од овие книги не е објавена.

Весникот изјави дека содржината не е уредничка и не е создадена или одобрена од нивниот редакциски персонал.

Весникот го нарече случајот „поучен момент“ за целата новинарска заедница и вети дека ќе го подобри надзорот и транспарентноста во врска со употребата на вештачка интелигенција во објавената содржина.

Тој специјален летен додаток ќе биде отстранет од електронската верзија на весникот, а весникот најави ажурирање на своите политики за работа со содржина од трети страни.