Кинеската технолошка компанија LandSpace во саботата лансираше нова ракета на метан, со која во орбитата постави шест сателити.
Оваа ракета користи поевтино и почисто гориво што би можело да помогне во развојот на ракети за повеќекратна употреба.
Ракетата „Zhuque-2E Y2“ полета во 12:12 часот по локално време во саботата од вселенскиот центар за лансирање „Џиукван“ во северозападна Кина, што е петтиот лет од серијата „Zhuque-2“, се вели во соопштението на компанијата, објави „Ројтерс“.
LandSpace, со седиште во Пекинг, стана првата во светот што лансираше ракета на метан и течен кислород во јули 2023 година, победувајќи ги американските конкуренти како што се SpaceX на извршниот директор Илон Маск и Blue Origin на Џеф Безос.
zhuque-2e Y2/F2 pic.twitter.com/b9524SBime
— Vony7 (@vony227) May 17, 2025
Првиот успешен лет на ракетата на метан не носеше никакви вистински сателити, додека вториот лет во декември 2023 година успешно постави три сателити во орбитата.
Ракетите за повеќекратна употреба, во кои пионери беа SpaceX, докажаа дека можат да ги намалат трошоците за лансирање и транспорт во вселената.
Основачот и извршен директор на LandSpace, Цанг Чангву, изјави дека компанијата започнала со развој на ракети за повеќекратна употреба и очекува пробен лет во втората половина од годината.
🚀 Zhuque-2E Y2 lifts off from Jiuquan at 04:12UTC https://t.co/YDLX86XGnk pic.twitter.com/AvQ4LC1O8z
— China 'N Asia Spaceflight 🚀𝕏 🛰️ (@CNSpaceflight) May 17, 2025
Новиот модел на ракетата од серијата „Zhuque-2“ вклучува технички подобрувања што ќе ѝ помогнат на компанијата да ја постигне својата цел за лансирање ракети за повеќекратна употреба.
Денешниот лет беше првпат LandSpace да користи метод на погон во кој течниот кислород и метанот се ладат под нивните точки на вриење, со што се зголемува потисокот.
Поврзани артикли