Пекинг беше домаќин на полумаратон од хуманоидни роботи, прв ваков настан одржан во светот, објавија кинеските медиуми.
Настанот се случува во време кога кинеската влада го промовира развојот на роботиката и вештачката интелигенција во услови на сè поинтензивно технолошко соперништво со САД, објави новинската агенција Кјодо.
За полумаратонот од 21 километар беа поставени посебни патеки за роботи и луѓе.
Според прописите за натпреварување, роботите мораа да бидат двоножни и способни да се движат автономно или преку далечинско управување, и требаше да ја завршат трката во рок од три и пол часа.
Околу 20 екипи учествуваа на овој настан, каде што им беше дозволено да заменат батерии и да користат повеќе роботи за штафетни трки.
Висината и тежината на роботите варираа така што највисокиот робот беше висок 180 сантиметри, а најмалиот 75.