Американската технолошка компанија Apple планира да го премести производството на сите iPhone-и за американскиот пазар во Индија до крајот на следната година.
Apple претходно се обидуваше да ги диверзифицира своите синџири на снабдување, но сега има намера да го забрза овој процес, објавува „Фајненшл тајмс“, повикувајќи се на анонимни информирани извори.
Компанијата од Купертино сака да го забрза излегувањето од Кина за да ги ублажи ризиците што произлегуваат од царините и геополитичките тензии.
Во пракса, ова значи дека Apple би морал приближно да го удвои годишното производство на iPhone во Индија на повеќе од 80 милиони единици, додадоа изворите.
Компанијата продава повеќе од 60 милиони единици годишно во Соединетите Американски Држави, што претставува приближно 28 проценти од нејзината глобална продажба.
Агенцијата од Њујорк претходно овој месец објави дека Apple произвела iPhone-и во вредност од 22 милијарди долари во фискалната година до март 2025 година, што е зголемување од речиси 60 проценти во однос на претходната фискална година, објави „Блумберг“.
Apple моментално произведува една петтина од сите свои iPhone уреди во Индија, но Кина останува нивна најголема производствена база.